Gamze Türkoğlu Oğuz
03 Ноември 2018•Ажурирај: 04 Ноември 2018
ТАЛАХАСИ (АА) - Познат е идентитетот на напаѓачот и лицата коишто починаа во нападот во студиото за јога во американската сојузна држава Флорида, јавува Anadolu Agency (AA).
Напаѓачот е 40-годишниот Скот Пол Беирлиј, кој по нападот и убиството на две лица, извршил самоубиство.
Убиени се 61-годишната докторка Нанси Ван Весем и 21-годишната Мојра Бинкли.
Ван Весем работела како шеф во институцијата „Capital Health Plan“. Од оваа установа информираат дека Нанси била визионерска сила во нивната работа и дека се грижела за илјадници семејства.
Шефот на полицијата на Талахаси, Мајкл Делео, потврди дека во петокот вечерта едно лице отворило оган во студио за јога кое се наоѓало во трговскиот центар во градот.
Во нападот се ранети и 5 лица.