Ali Cura
18 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
МИНСК (АА) - Илјадници мигранти и понатаму чекаат на студеното време во камповите кои ги поставија на границата помеѓу Белорусија и Полска, со надеж дека ќе преминат во Европска Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (АА).
По должината на границата, западно од белорускиот град Гродно, мигрантите кои дојдоа со визи од Ирак се истоштени во камповите и логистичките центри на граничниот премин.
Некои од групите мигранти, меѓу кои и жени и деца, одвреме-навреме се обидуваат да влезат на територијата на Полска.
Според белорускиот Државен граничен комитет, литванските чувари на границата направија брутален обид рано вчера да ги истуркаат ирачките државјани назад на белоруската територија во граничната зона Клевитца.
„На снимката се гледа како тие жестоко тепаат мигрант кој лежи на земја, а потоа пуштаат куче на него. Кучето го каснува за нога и почнува да ја кине неговата вреќа за спиење“, додава Комитетот.
Според ЕУ, Белорусија допира до патниците преку навидум официјалните канали, вклучително и дипломатски мисии и туристички агенции и ги поканува во Белорусија, нудејќи им визи. Потоа тие наводно се насочуваат на границите на ЕУ.
НАТО и ЕУ го сметаат пристапот на Белорусија кон мигрантите како хибриден напад за дестабилизирање на безбедноста во европските држави преку невоени средства.
Европските држави кои се граничат со Белорусија, Литванија, Латвија и Полска, имаат пријавено драматичен пораст на нерегуларни премини од август.
Преку 8.000 луѓе се обиделе да влезат во ЕУ преку границата на Белорусија и ЕУ досега оваа година, во споредба со само 150 минатата година.
Најмалку 2.000 луѓе, вклучително жени и деца, се заробени на белоруско-полската гранична зона во лоши услови во последната недела.