Sorwar Alam
08 Декември 2017•Ажурирај: 09 Декември 2017
ВАРШАВА (AA) – Премиерката на Полска Беата Шидло поднесе оставка откако две години помина на чело на владата, јавува Anadolu Agency (AA).
Гласноговорничката на полската влада Беата Мажурек соопшти дека премиерката Шидло оставката ја поднела на раководството на владејачката Партија на правото и правдата (ПИС) и дека Управниот одбор на таа партија ја прифатил.
Мажурек најави дека партијата ПИС за нов шеф на владата ќе го предложи Матеус Моравицки, актуелниот заменик премиер и министер за финансии и развој на Полска.
Гласноговорничката исто така рече дека премиерката во заминување Шидло и во новата влада ќе извршува важна функција, но не откри за каква функција станува збор.
Заменик министерот за култура на Полска Јарослав Селин изјави дека се очекува новата влада на премиерот Моравецки на должност да стапи во вторник, а најави и можни промени во правосудството на Полска.
Премиерката во заминување Шидло, на јавноста ѝ се обрати со кратка порака на социјалните мрежи во која напиша дека изминатите две годинии за неа биле посебни.