Ekipa
22 Јануари 2018•Ажурирај: 22 Јануари 2018
AЗАЗ/АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили (ТСК), во рамките на операцијата „Маслинова гранка“, заедно со Слободната сириска војска, започнаа акција од сирискиот Азаз, источно од Африн, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите на AA од терен јавуваат дека копнените елементи на Турските вооружени сили влегле во целното подрачје, а во акцијата учествуваат голем број припадници на Слободната сириска војска.
Исто така, авионите на турските сили погодија упоришта на терористите на планината Бурсеја, која е од стратешка важност.
Терористичката организација ПЈД/ПКК, благодарение на положбата на планината Бурсеја, која е свртена кон турскиот Килис, но и кон Азаз, кој е под контрола на опозицијата, ги гаѓаат цивилите во наведените подрачја.
Со ослободувањето на планината од терористите, ќе бидат намалени заканите по безбедноста на турската граница, но и за сириските цивили во Азаз и околината.
Турските вооружени сили (ТСК) и Слободната сириска војска, која пружа поддршка на акцијата, вчера со влезот во Африн од север, северозапад и запад зазедоа 11 точки.
Турските сили во саботата ја започнаа операцијата „Маслинова гранка“ во Африн, со цел воспоставување на безбедност во пограничното подрачје, неутрализирање на терористичките елементи на ПЈД/ПКК и ДЕАШ, ослободување на територијата која под окупација ја држат терористите и спас на братскиот народ на тоа подрачје.
Операцијата во Африн е започната во рамките на правото на Турција засновано на меѓународното право и на резолуциите на Обединетите нации (ОН), особено оние кои се однесуваат на борбата против тероризмот, 1624 (2005), 2170 (2014) и 2178 (2014).
Турција се повикува и на член 51 од Договорот на ОН, односно Правото на самоодбрана. Операцијата се спроведува со почитување на територијалниот интегритет на Сирија.
Силите лојални на режимот на претседателот Башар ал-Асад во јуни 2012 година без судири им го препуштија подрачјето на Африн на терористите на ПЈД/ПКК. Оттогаш Африн стана еден од главните центри на оваа терористичка организација.
Терористите на ПЈД/ПКК моментално под окупација држат 65 отсто од сириско-турската граница, а во Африн се наоѓаат меѓу 8 000 и 10 000 терористи.
ПЈД/ПКК е сириски огранок на терористичката организација ПКК која се наоѓа на листата терористички групи во Турција, САД и Европската Унија. ПКК уште од средината 1980-те години води терористичка кампања против Турција и досега во терористичките напади на организацијата животот го загубија околу 40 000 лица.