Ahmet Furkan Mercan
07 Октомври 2021•Ажурирај: 08 Октомври 2021
ТОКИО
Компанијата „Кавасаки хеви индустрис“ (KHI) соопшти дека нејзината палета на производи до 2035 година ќе се состои од електрични модели на мотоцикли, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според изјавата на јапонскиот производител на мотоцикли „Кавасаки“, компанијата планира да се префрли на еколошки модели, вклучувајќи го и електричниот сегмент.
Во овој контекст, соопштено е дека „Кавасаки“ до 2025 година ќе лансира 10 модели кои ќе работат на батерии, вклучително и хибриди. До 2035 година повеќето од своите мотоцикли кои ќе ги произведува ќе бидат електрични.
Од друга страна, компанијата соопшти дека работи на производство на нов мотор кој ќе согорува водород.
Јасухико Хашимото, претседателот и извршен директор на „Кавасаки хеви индустрис“, рече дека традиционалната бучава и вибрации на моторот се важни за голем број возачи на електрични мотоцикли.
Наведувајќи дека јапонскиот производител има за цел овие можности да ги понуди на клиентите, Јасухико додаде дека тие работат на создавање општество во кое нема да се согорува јаглерод.