Исламабад потврди: САД и Иран комуницираат преку Пакистан за конфликтот на Блискиот Исток
Извори во Исламабад за Анадолу изјавија дека оваа недела е пресудна за каков било можен пресврт во разговорите меѓу Техеран и Вашинтон
ИСТАНБУЛ (АА) - Пакистан денес ја потврди својата директна улога во посредништвото меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран, со цел завршување на војната на Блискиот Исток, јавува Анадолу.
„Во медиумите се појавија непотребни шпекулации во врска со мировните преговори за ставање крај на тековниот конфликт на Блискиот Исток”, објави министерот за надворешни работи Ишак Дар на американската платформа за социјални медиуми Х.
„Во реалноста, се одвиваат индиректни преговори меѓу САД и Иран преку пораки што ги пренесува Пакистан“, изјави Дар, потврдувајќи дека САД споделиле 15 точки за кои во моментов „се расправа во Иран“.
Објавата следува откако извори во Исламабад за Анадолу изјавија дека оваа недела е пресудна за каков било можен пресврт во разговорите меѓу Техеран и Вашинтон.
Изворите наведоа и дека Исламабад очекува американска делегација, но посочија дека Техеран сè уште е претпазлив поради постојната недоверба.
Дар, исто така, ја пофали улогата на „Турција и Египет, меѓу другите”, кои „ѝ даваат поддршка на оваа иницијатива”.
„Пакистан останува целосно посветен на промовирањето мир и продолжува да ги вложува сите напори за да обезбеди стабилност во регионот и пошироко”, вели Дар, истакнувајќи: „Дијалогот и дипломатијата се единствен пат напред.”
Ситуацијата во регионот дополнително ескалираше откако САД и Израел започнаа заедничка офанзива врз Иран на 28 февруари, во која засега се убиени над 1.340 лица, меѓу кои и тогашниот врховен лидер Али Хамнеи.
Техеран возврати со напади со беспилотни летала и ракети насочени кон Израел, Јордан, Ирак и земјите од Персискиот Залив каде што се стационирани американски воени бази, предизвикувајќи човечки жртви и штета врз инфраструктурата, истовремено нарушувајќи ги глобалните пазари и авиосообраќајот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
