свет

Трамп ги нарече иранските преговарачи „чудни“ и од нив побара сериозност

„Иранските преговарачи се многу поинакви и ’чудни‘. Тие нè ’молат‘ да постигнеме договор, што и треба да го прават со оглед на тоа што воено се уништени, со никакви шанси за враќање...“

Efe Özkan  | 26.03.2026 - Обновена : 26.03.2026
 Трамп ги нарече иранските преговарачи „чудни“ и од нив побара сериозност

ИСТАНБУЛ (АА) – Американскиот претседател Доналд Трамп денес ги нарече иранските преговарачи „поинакви и чудни“, повикувајќи ги „да станат сериозни“ во врска со мировниот предлог на Соединетите Американски Држави (САД), пренесува Анадолу.

„Иранските преговарачи се многу поинакви и ’чудни‘. Тие нè ’молат‘ да постигнеме договор, што и треба да го прават со оглед на тоа што воено се уништени, со никакви шанси за враќање, а сепак јавно изјавуваат дека само го ’разгледуваат нашиот предлог‘“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.

Тој ги повика иранските претставници „набрзо да станат сериозни, пред да биде премногу доцна“, нагласувајќи дека „НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД и нема да биде убаво!“

Според информациите, САД му пратиле на Иран план од 15 точки, во кој се наведени чекорите за програмата за нуклеарно оружје на Техеран, програмата за балистички ракети, како и поморската безбедност во Ормускиот Теснец.

Иран го одби предлогот, велејќи дека секој прекин на огнот ќе се случи според нивните услови и временска рамка.

Техеран претстави пет услови за крај на војната, вклучително и целосен прекин на „агресијата и атентатите“.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın