Cüneyt Karadağ
18 Октомври 2019•Ажурирај: 19 Октомври 2019
БЕРЛИН (АА) - Германската Влада го поздрави договорот постигнат меѓу Турција и Соединетите Американски Држави (САД) во врска со операцијата „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Кристофер Бургер, портпарол на германското Министерство за надворешни работи, на прес-конференција истакна дека Германија го поздравува овој договор.
Бургер нагласи дека посакуваат ова одложување на операцијата по постигнатиот договор да се претвори во постојан прекин на огнот.
„Го поздравуваме [договорот], во насока на запирење на операцијата, намалување на тензиите и заштита на цивилите“, додаде тој.
Бургер истакна дека тие со своите партнери разговарале за оваа тема, и дека бараат одговори за различни прашања, односно на тоа како ќе продолжи оваа ситуација, и како тоа ќе влијае врз политичкиот процес.