Mahmut Atanur
18 Октомври 2019•Ажурирај: 20 Октомври 2019
ЏАКАРТА (АА) - Земјотрес со интензитет од 5,8 степени ја потресе индонезиската покраина Папуа, сместена во источниот дел од земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Индонезиската Агенција за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) информираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓал 138 километри југоисточно од Џајапура, главниот град на провинцијата Папуа, на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални жртви и предизвиканата материјална штета.
Пацифичкиот Центар за предупрадување од цунами по земјотресот не издаде никакво предупредување.
На 26 септември, Амбон, главниот град на провинцијата Малуку, го потресе земјотрес со интензитет од 6,8 степени во кој животот го загубија 36 лица.