свет

Израелските весници: „Турција го доби тоа што го сакаше“

Голем дел од израелските медиуми договорот постигнат меѓу Турција и САД го дадоа со слични наслови

Mustafa Deveci  | 18.10.2019 - Обновена : 19.10.2019
Израелските весници: „Турција го доби тоа што го сакаше“

ЕРУСАЛИМ (АА) – Водечкиот весник во Израел, „Хаарец“ (Haaretz), пишува дека со договорот меѓу Анкара и Вашингтон за операцијата „Извор на мирот“ Турција го добила она што го сакала, пренесува Anadolu Agency (AA).

Голем дел од израелските медиуми договорот постигнат меѓу Турција и САД го дадоа со слични наслови.

Весникот „Хаарец“, во однос на вчерашниот договор го користеше насловот „САД и Турција се договорија за привремен прекин на огнот за Курдите да го напуштат регионот“.

Во веста се вели дека со договорот Турција го добила она што го сакала во врска со операцијата „Извор на мирот“.

Весникот „Ерусалим пост“ (Jerusalem Post) го даде насловoт: „Пенс вели дека со Турција се договориле за прекин на огнот во Сирија.“

„Угледот на САД на Блискиот Исток е ’најнизок‘ од сите претходни периоди“, се истакнува во веста на „Ерусалим пост“.

Телевизијата „И24“ (i24), договорот меѓу САД и Турција до своите гледачи го презентираше со насловот „Пенс се согласи Турција привремено да ги прекине операциите во Сирија“.

Во веста се наведува дека Министерството за надворешни работи на Турција потврди дека операцијата „Извор на мирот“ е запрена, но дека сѐ уште не е завршена.





На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.