Трамп со критики до Алијансата, НАТО не направи „апсолутно ништо” во однос на Иран
„На Соединетите Американски Држави не им треба ништо од НАТО, но ’никогаш не заборавајте го‘ овој многу важен момент“
ИСТАНБУЛ (АА) – Сојузниците на Соединетите Американски Држави (САД) во НАТО не направија „апсолутно ништо” за да помогнат во справувањето со „лудата земја што сега воено е десеткувана“, изјави денес американскиот претседател Доналд Трамп, говорејќи за Иран, пренесува Анадолу.
„На Соединетите Американски Држави не им треба ништо од НАТО, но ’никогаш не заборавајте го‘ овој многу важен момент“, напиша Трамп во објавата на својата платформа за социјални медиуми, Truth Social.
Во изминатите неколку дена Трамп ги повика и сојузниците и ривалите, вклучително и Кина, да помогнат во обезбедувањето на Ормускиот Теснец, кој е клучна трговска маршрута, бидејќи нарушувањата во тој регион предизвикаа пораст на цените на нафтата на светските пазари.
Голем број европски земји го одбија ова барање, со образложение дека конфликтот во Иран е војна започната од Трамп, без да се консултира со сојузниците на САД.
Претходно Трамп повторно рече дека на САД не им треба НАТО, нарекувајќи го ставот на Алијансата „многу глупава грешка“. Тој изјави дека засега не планира да се повлече од Алијансата, но рече дека е опција за која вреди да се размисли.
Веќе долго време Трамп го омаловажува НАТО, како и во текот на првиот мандат, според многубројни сведоштва од Белата куќа, тој отворено ја разгледувал можноста за повлекување од поствоената западна алијанса.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
