свет

Инстаграм во Јапонија ќе ги известува родителите ако нивните деца пребаруваат содржини поврзани со самоубиство

Платформата, која е во сопственост на Мета, исто така, планира да воведе функција што ќе го ограничува пристапот до содржини поврзани со дрога и опасно однесување

Saadet Gökce  | 11.03.2026 - Обновена : 11.03.2026
 Инстаграм во Јапонија ќе ги известува родителите ако нивните деца пребаруваат содржини поврзани со самоубиство

ИСТАНБУЛ (АА) – Јапонската подружница на американската компанија за социјални медиуми Инстаграм најави дека оваа година ќе воведе нова функција што ќе ги известува родителите доколку нивните деца стапуваат во интеракција со содржини поврзани со самоубиство или самоповредување, јавува Анадолу.

Платформата, која е во сопственост на Мета, исто така, планира да воведе функција што ќе го ограничува пристапот до содржини поврзани со дрога и опасно однесување, објави „Џапан њуз“.

Според новиот систем, родителите на корисници на возраст од 13 до 17 години ќе добиваат известувања преку апликацијата или по електронска пошта доколку нивното дете повеќепати пребарува содржини поврзани со самоубиство, под услов нивниот профил да е поврзан со профилот на детето.

Оваа функција веќе претходно е воведена во САД и Велика Британија.

Покрај тоа, се планира и посебна функција што ќе го ограничи пристапот на тинејџерите до содржини што содржат материјали поврзани со дрога, екстремен говор, како закани, како и опасни дејства, како пукање со оружје.

На платформата веќе се применуваат ограничувања за видливоста на објави што содржат сексуални сцени, алкохол или тутун, со цел да се намали нивната достапност за помладите корисници.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın