ЊУЈОРК (АА) – Американскиот весник „Њујорк тајмс“ (New York Times), тврди дека Турција го има идентификувано идентитетот на некои осомничени лица кои имале улога во убиството на Џамал Кашоги. „Њујорк тајмс“, еден од водечките американски весници излезе со ново тврдење за убиството на саудискиот новинар Кашоги, за кого се тврдеше дека е убиен од лица дојдени од Саудиска Арабија, пренесува Anadolu Agency (AA).
За новинарот од 2 октомври нема никаква информација. Според весникот, турските власти го идентификувале идентитетот на некои лица инволвирани во настанот. Еден од осомничените е, како што пишува весникот, близок човек на саудискиот престолонаследник, принцот Мухамед бин Салман.
Осомничениот принц го придружувал при посетите во Париз, Мадрид, Хјустон, Бостон и во Обединетите нации.
Според тврдењата на весникот, откако ќе се погледнат безбедносните детали за саудискиот престолонаследник, се заклучува дека останатите тројца осомничени имале блиски врски со принцот. Петтиот осомничен е судски вештак и специјалист за судска медицина кој имал високи позиции во Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија.
Во веста се истакнува дека за да се стигне до такви позиции во таа земја потребно е да се има директна врска со високите саудиски власти.
- Весникот ја испитува врската
„Како што велат турските власти, ако тие луѓе на 2 октомври, кога е исчезнат Кашоги, се наоѓале во саудиската Амбасада, би можеле да обезбедат директна врска со принцот Мухамед и да му пренесат што се случувало тој ден таму. Ова може да го елиминира тврдењето дека Кашоги е убиен без да знае принцот, во операција организирана од скитници. Ваквата врска, отежнува Белата куќа и Конгресот на САД да ја прифатат таквата изјава“, пишува весникот.
Весникот, исто така пишува дека турските власти имале документ дека тим од 15 лица, на 2 октомври во Истанбул дошле со авион, го убиле Кашоги, неговото тело го распарчиле на делови, и истиот ден ја напуштиле земјата.
Исто така се укажува дека Кашоги бил убиен по два часа откако влегол во Амбасадата. „Њујорк тајмс“ истакнува дека турските власти кои не сакале да ги соопштат нивните имиња, им соопштиле дека сите 15 лица од тимот припаѓале на безбедносните служби на Саудиска Арабија, разузнавачки агенти или пак вработени во Владата.
- „Њујорк тајмс“ тврди дека е познат идентитетот на осомничените 5 лица
Весникот, според своите извори потврдува дека сите 15 лица биле од безбедносните служби и од Армијата, и имале поврзаност со владините органи. Весникот, исто така пишува дека преку софтверите за препознавање на лицата, јавните книги, социјалните медиуми, инфраструктурата за мобилни телефонски броеви, саудиски вести, протечени саудиски документи и од сведоци во Саудиска Арабија собрале голем број информации.
Според тоа, еден од осомничените, Махер Абдулазис Мутреб, бил дипломат кој бил назначен во саудиската Амбасада во Лондон, во 2017 година. Тој, веројатно како телохранител на принцот, има посетено многу места.
Вториот осомничен е Абдулазиз Мухамед ал Хавсави, француски професионалец кој работел со саудиското кралско семејство, и за него се тврди дека бил дел од безбедносниот тим на принцот при неговите патувања. Во еден од медиумите на Саудиска Арабија пишува дека третиот осомничен, Тхар Гхалеп ал Харби, минатата година поради храброста што ја покажал, заштитувајќи ја палатата на Мухамед во Џеда, бил назначен како поручник.
Весникот, исто така пишува дека четвртиот осомничен, кој бил идентификуван како Мохамед Саад Алзахрани и патувал со пасош на друго лице, исто така работел во кралската стража. Д-р Сала ал Тубиги, кој исто така се наоѓа меѓу осомничените, бил експерт за обдукција.
Кашоги придонесувал за весникот „Ал Ватан“ (Al Watan), кој претставува важна платформа за реформистите во Саудиска Арабија. Тој во исто време пишувал и за „Вашингтон пост“ (The Washington Post). На 2 октомври (вторник) го посетил Генералниот конзулат на Саудиска Арабија во Истанбул, и оттогаш е исчезнат, за него нема никаква информација. Во проценката на безбедносните извори, беше потврдено дека Кашоги не го напуштил Генералниот конзулат на Саудиска Арабија.
Во исто време во зградата на Конзулатот имало 15 саудиски државјани, вклучувајќи и лица од власта кои допатувале во Истанбул со два авиона. Тие лица потоа се вратиле во својата земја, од каде што и допатувале.