Ali Kemal Akan
17 Март 2018•Ажурирај: 18 Март 2018
АНКАРА (АА) - Објавени се снимки од болницата во Африн снимени денес во 09:43 часот по локално време кои покажуваат дека тврдењата дека оваа болница е погодена од страна на Турските вооружени сили се лажни, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичките организации во Африн, кои срушија бројни објекти во овој град изнесуваат лажни тврдења дека за тоа стојат Вооружените сили на Турција (ТСК), со што плански се обидуваат да создадат негативна перцепција за турската војска, соопштено е од ТСК.
„Терористите во центарот на градот на Африн срушија бројни згради, запалија бројни објекти и возила, меѓу тие објекти се наоѓаат и болници, уништени се апарати и целата опрема во тие болници е доведена во неупотреблива состојба. Целата штета која му е нанесена на овој град во меѓународната јавност се настојува да се прикаже дека тоа го направиле Вооружените сили на Република Турција. Сето ова терористичките организации го прават планирано, со цел за ТСК да се создаде една негативна слика."
Наводите дека Вооружените сили на Турција бомбардирале болница во Африн, немаат никаква поврзаност со вистината, се соопштува од Генералштабот на Турција.
Во соопштението уште еднаш е нагласено дека операцијата „Маслинова гранка“ се спроведува на начин на кој во ниту еден случај не страдаат недолжните цивили.
„Вестите за бомбардирање на болница во Африн од страна на Вооружените сили на Турција немаат никаква поврзаност со вистината“, пишува во соопштението.