Muhammed Boztepe
17 Март 2018•Ажурирај: 17 Март 2018
АНКАРА (АА) - Од почетокот на операцијата „Маслинова гранка“ досега неутрализирани се 3.567 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението на Генералштабот на турската Армија се наведува дека продолжува операцијата во подрачјето на Африн, во северозападниот дел на Сирија, започната на 20. јануари, со цел неутрализирање на терористите на ЈПГ-ПЈД/ПКК/КЏК и ДЕАШ, осигурување на безбедноста и стабилноста на границите и регионот, и спасување на братскиот и пријателскиот народ од притисокот и суровоста на терористите во регионот.
Од почетокот на операцијата досега, бројот на неутрализирани терористи изнесува 3.567.