Ekipa
01 Ноември 2019•Ажурирај: 01 Ноември 2019
ТЕЛ АБЈАД/РАС АЛ АЈН (АА) - Најмалку 132 војници на Сириската национална војска (СНВ) загинаа за време на поддршката која тие опозициски сили во североисточниот дел на Сирија ја пружија на Турските вооружени сили (ТСК) во спроведувањето на антитерористичката операција „Извор на мирот“, јавува Anadolu Agency (AA).
Турските сили на 9 октомври ја започнаа воената операција „Извор на мирот“, на североистокот на Сирија, со цел елиминација на терористичките елементи на ЈПГ/ПКК заради обезбедување на турската граница и овозможување на доброволно враќање на сириските бегалци. Операцијата го штити и територијалниот интегритет на Сирија.
На турските сили на терен поддршка им пружија борците на Сириската национална војска, која претходно беше позната под името Слободна сириска војска.
Сириската национална војска во моментот работи на откривање и отстранување на минско-експлозивните направи кои терористите на ЈПГ/ПКК ги оставија по повлекувањето во Тел Абјад и Рас ал Ајн.
За време на судирите против терористите на ЈПГ/ПКК ранети се 491 борец на Сириската национална војска.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно изјави дека борците на Сириската национална војска во борбата против терористите на ЈПГ/ПКК покажале голема храброст и оствариле големи успеси.
Шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, кон крајот на минатиот месец изјави дека истите борци под називот Слободна сириска војска и претходно дале голема поддршка на турските операции „Штитот на Еуфрат“ и „Маслинова гранка“.