Diyar Güldoğan
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
АНКАРА (АА) - Кристин Лагард денеска официјално ја презеде функцијата на прва жена претседател на Европската централна банка (ECB), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Лагард беше назначена од страна на Европскиот совет на 18 октомври 2019 година, на мандат од осум години“, се вели во соопштението на Европската централна банка.
Лагард го наследи Марио Драги, кој беше претседател на Банката од 2011 до 2019 година.
Лагард (63) има дипломирано на Правните студии на Универзитетот „Париз - Нантер“, а магистерски студии заврши на Институтот за политички науки во Екс ан Прованс, јужна Франција.
Во 2011 година, Лагард беше избрана за прва жена извршна директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).