Ekipa
01 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Ноември 2019
КАМИШЛИ/АНКАРА (АА) - По турската операција „Извор на мирот“, војската на Соединетите Американски Држави (САД) повторно ги започна патролите на нафтените полиња во североисточниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Пет оклопни возила и два пикапа на американската војска патролираа на линија од 40 километри меѓу градот Кахтанија кој се наоѓа на оддалеченост од 6 километри од турско-сириската граница, и градот Румејлан.
На овој начин, американската војска повторно ги започна своите патроли во Хасека, во североисточниот дел на Сирија, кои претходно ги запре поради операцијата „Извор на мирот“.
Познато е дека нафтените резерви се наоѓаат во Кахтанија, во источниот дел на Камишли во близина на сириско-турската граница.
Исто така, Румејлан е нафтена зона и се наоѓа 15-20 километри близу границата со Ирак.
САД во Румејлан имаат воздухопловна база како и присуство на над 100 војници.