Ecem Şahinli Ögüç
04 Октомври 2023•Ажурирај: 05 Октомври 2023
БАЛТИМОР (АА) - Најмалку четири лица се повредени во вооружен напад во кампусот на Универзитетот „Морган“ во Мериленд, Соединетите Американски Држави (САД), јавува Анадолу.
Полициската управа во Балтимор го потврди пукањето во кампусот и ги предупреди студентите и вработените да се држат настрана од местото на настанот.
Во соопштението објавено неколку часа по инцидентот, полицијата наведува дека во нападот се повредени четири лица и дека нивните животи не се во опасност.
За инцидентот на својот профил на социјалните мрежи зборуваше и членот на Градскиот совет, Рајан Дорси, кој рече дека бил информиран дека нападот го извршиле три лица.
Сѐ уште нема информации за мотивите за нападот, ниту дали напаѓачите се приведени.