İlyas Tayfun Salcı
21 Јуни 2020•Ажурирај: 22 Јуни 2020
ЛОНДОН (АА) - Британската полиција соопшти дека вчерашниот напад со нож во кој загинаа 3 лица во градот Ридинг во близина на Лондон е прогласен за терористички напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во писменото соопштение од полицијата се вели дека нападот во градот Ридинг, на околу 60 километри од Лондон, е прогласен за терористички акт.
Во нападот што се случи синоќа 3 лица загинаа, а 3 се повредени. Приведено е 25-годишно лице поврзано со инцидентот.
Локалните медиуми објавија дека осомничениот е либиски бегалец.