Malik Hasa
22 Февруари 2016•Ажурирај: 22 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Неколку граѓански организации, претставници на опозицијата во Градскиот совет на Тирана и голем број граѓани денеска во Тирана протестираа против зголемувањето на цените на билетите за градскиот превоз, зголемување на данокот на добивка како и против изградбата на забавен парк во близина на вештачкото езеро во познатото летувалишта во албанскиот главен град, јавува Anadolu Agency (AA).
Овој настан е организиран од страна на опозициската Демократска партија, чии претставници бараa намалување на даноците, нарекувајќи го најавеното зголемување "неправедно".
Протестите започнаа во утринските часови, а за кратко време демонстрантите почнаа со јајца, домати и други предмети да фрлаат по зградата на советот, а потоа и по зградата на Владата на Албанија.
После тоа, демонстрантите се упатија кон вештачко езеро во Тирана, да го изразат незадоволството од најавената изградба на детски парк на тоа место. Во таа прилика дојде до физички контакт меѓу активистите на граѓанското општество и полицијата.
Активистите кои протестираат против изградбата на детскиот парк во одморалиштето истакнаа дека во Тирана постојат многу други места за да може ваквиот проект да се реализира.