политика, Балкан

Северна Македонија: Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците

„Покрај сè, не се откажавме од нашата кауза. Не се вративме од нашиот пат. Не се жалевме. Тој што оди по вистинскиот пат, носи тежок товар“

Furkan Abdula  | 05.07.2021 - Обновена : 06.07.2021
Северна Македонија: Бејџан Илјас реизбран за претседател на Демократската партија на Турците Фото: Furkan Abdula/AA

СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје денес се одржа 10. Редовен конгрес на Демократската партија на Турците (ТДП) во Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Настанот се одржа во една спортска сала во Скопје, а на него учествуваа претседателот на ТДП, Бејџан Илјас, амбасадорот на Турција во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, како и министри, пратеници, претседатели на политички партии и политичари од Северна Македонија, Турција и од земјите во регионот.

Во овие рамки беа пренесени пораките на различни високи претставници од Северна Македонија и Турција, пред сè на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Илјас имаше свое обраќање на Конгресот, при што рече дека ТДП веќе 30 години се наоѓа на политичката сцена и дека во овој период се соочиле со различни предизвици.

„Покрај сè, не се откажавме од нашата кауза. Не се вративме од нашиот пат. Не се жалевме. Тој што оди по вистинскиот пат, носи тежок товар“, нагласи Илјас, додавајќи дека со одлучни чекори ќе одат по нивниот пат.

Тој истакна дека со младинскиот и женскиот форум уште повеќе ја зајакнале партијата. „Денес повторно сме обединети, денес повторно сме заедно“, рече тој.

Илјас н агласи дека по втор пат се кандидира за оваа позиција и дека неговата цел е унапредување на нивната кауза во земјата.

„Денес_ругото, Туба Ишик Ерџан, потпретседателката на Комисијата за надворешни односи при Партијата за правда и развој (АК Партија) во Турција, во нејзиното обраќање го пренесе поздравот на турскиот претседател Ердоган. Ерџан нагласи дека придаваат важност на тоа турската заедница, која според неа е една од најстарите заедници во Северна Македонија, да го продолжи својот живот во мир и благосостојба и да придонесе во развојот на земјата.

Истакна дека во рамки на инструкциите на Ердоган и со разбирањето дека „пријателот се познава кога имаш мака“, стоеле покрај Северна Македонија нудејќи медицинска помош во периодот на пандемијата на Ковид-19. Изјави дека тие како Турција го поддржуваат развојот на Северна Македонија како стабилна и просперитетна земја, и дека ја поддржуваат нејзината интеграција во евроатлантските институции.

Ерџан рече дека Турција стоела покрај Северна Македонија од нејзината независност, и дека поддршката и соработката ќе ги продолжат и во рамките на НАТО, како и дека ќе ги збогатуваат односите меѓу двете земји. Како што рече, како Турција секогаш стоеле покрај оној којшто е во право, а не покрај оној којшто е моќен.

„Ние бевме прва земја која имаше присуство на терен против терористичките организации во Сирија, како ПКК, ПЈД, ЈПГ, ДЕАШ. Знаеме дека вие како наши пријатели одблизу ги следевте нашите проблеми со кои се соочивме во сите работи што ги водевме со искреност и со посветеност. Од срце упатуваме благодарност за вашата искрена поддршка за нашата борба против тероризмот“, додаде Ерџан.

Меѓу другото, Илјас беше единствениот кандидат за претседател на ТДП, кој на овој конгрес повторно беше избран за претседател на оваа партија.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.