политика, Балкан

Заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија

Надлежните од Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи во текот на денот соопштија дека немало посериозни нарушувања на редот и јавниот мир во текот на гласањето

Abdula Berisha  | 08.05.2024 - Обновена : 08.05.2024
Заврши гласањето на претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија Фото: Abdula Berisha/АА

СКОПЈЕ (АА) - Во 19:00 часот се затворија избирачките места, со што заврши гласањето на претседателските и парламентарните во Северна Македонија, јавува Анадолу.

На седмите претседателски избори право на глас имаа 1.814.317 гласачи.

Кандидати за нов претседател на државата во вториот круг од претседателските избори беа Гордана Силјановска-Давкова, поддржана од коалицијата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, и актуелниот претседател Стево Пендаровски, поддржан од коалицијата предводена од СДСМ.

Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија, исполнет е условот за учество во вториот круг од претседателските избори. Имено, гласањето се смета за валидно доколку излезеноста е над 40 отсто.

Што се однесува до парламентарните избори, право на глас имаа 1.815.350 гласачи. Разликата во гласачите во однос на претседателските избори е 1.033, главно поради граѓаните кои наполниле 18 години.

На изборите имаше вкупно 1.755 кандидати, од кои 1.002 мажи и 753 жени, кои се натпреваруваа за 120 пратенички места во Собранието на Република Северна Македонија.

Надлежните од Државната изборна комисија и Министерството за внатрешни работи во текот на денот соопштија дека немало посериозни нарушувања на редот и јавниот мир во текот на гласањето.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.