Nur Asena Ertürk
10 Јуни 2024•Ажурирај: 11 Јуни 2024
ПАРИЗ (АА) - Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера го распушти народното Собрание и распиша вонредни избори откако крајно десничарското Национално обединување ѝ нанесе тежок пораз на неговата партија на европските избори, пренесува Анадолу.
Првиот круг на парламентарните избори ќе се одржи на 30 јуни, а вториот на 7 јули, изјави Макрон во своето обраќање што беше емитувано откако крајно десничарската партија Национално обединување освои околу 32% од гласовите на изборите во Европскиот парламент.
„Зголемувањето на бројката на националисти и демагози е опасен не само за нашата нација туку и за Европа“, истакна Макрон.
Ренесанса, партија на претседателот на Франција, според излезните анкети, освои околу 15% од гласовите на европските избори, а социјалистите освоија 14%.