Furkan Abdula
05 Ноември 2021•Ажурирај: 06 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, го прими на средба министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши, кој се наоѓа во официјална посета на земјата, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На пленарниот состанок на делегациите беа разменети мислења за билатералните односи, со фокус врз соработката и сојузништвото во рамките на Северноатлантскиот сојуз, при што обострано беше нагласено дека Северна Македонија и Албанија даваат важен придонес за регионалната стабилност и безбедност, како гаранција за севкупниот развој и просперитет на двете земји и регионот на Западен Балкан“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Северна Македонија.
Се истакнува дека двајцата министри оцениле дека успешната соработка меѓу двете земји, вклучително и во рамките на консолидација на евроатлантската агенда, е од обостран стратешки интерес и во интерес на регионот како целина.