Hasan Esen
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
БРИСЕЛ (AA) - Високата претставничка на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Федерика Могерини изјави дека ЕУ ја смета ПКК за терористичка организација, додавајќи дека сепак е потребно повторно да се покрене реформскиот процес за решавање на курското прашање, јавува Anadolu Agency (AA).
Могерини на новинарите во Брисел пред Самитот на Европска унија - Турција за бегалската криза рече дека ЕУ е во блиска соработка со Турција со цел да се запрат судирите во Сирија која е погодена со војна.
Додаде дека ЕУ ги следи случувањата во Турција, нагласувајќи дека во таа земја е потребно повторно да започне "процес на решавање" .
"ЕУ ја прифати ПКК како терористичка организација. Сепак, потребно е турските функционери повторно да им пружат шанса на политичките претставници кои своите ставови и изнесуваат на мирољубив и демократски начин", рече Могерини.
Инаку, процесот на решавање на курдсското прашање се однесува на напорите на турската Влада да се реши конфликтот кој трае неколку децении со илегалното движење ПКК во источните и југоисточните делови на Турција. Процесот на решавање на курдското прашање официјално е покренат 2013 година, со цел да запрат судирите со ПКК, кој изведува напади од 1984 година, а кои однесоа преку 36.000 животи во Турција.
На крајот додаде дека Турција, како земја кандидат за членство во ЕУ, треба да ги уважи барањата на Унијата за јакнење на демократијата, владеење на правото и слобода на изразувањето.
"Тоа се темелните вредности на ЕУ. Потребно е секоја земја кандидат да ги почитува овие принципи и вредности", истакна Могерини.
Инаку, ова е втор самир на ЕУ и Турција за само неколку месеци. На Самитот Европска унија-Турција за бегалската криза челниците на двете страни разговараат за бегалската криза со која се соочува Европа.