Турција, политика

Локални избори во Туркије: Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар

Ердоган, придружуван од сопругата Емина Ердоган, гласаше на избирачкото место во основното училиште „Сафет Чеби“, во близина на неговата резиденција Кисикли

Mustafa Hatipoğlu  | 31.03.2024 - Обновена : 01.04.2024
Локални избори во Туркије: Ердоган гласаше во истанбулски Ускудар

ИСТАНБУЛ (АА) – Во Република Туркије денеска се одржуваат локални избори, а во Истанбул гласаше и турскиот претседател и лидер на владејачката Партија на правдата и развојот (AK Parti) Реџеп Таип Ердоган, јавува Анадолу.

Ердоган, придружуван од сопругата Емина Ердоган, гласаше на избирачкото место во основното училиште „Сафет Чеби“, кое се наоѓа во близина на неговата резиденција Кисикли во истанбулската област Ускудар.

Турскиот претседател Ердоган во дворот беше пречекан од поголема група граѓани, а на влезот на училиштето го пречека градоначалникот на Ускудар, Хилми Туркмен, и челникот на истанбулскиот одбор на АК Партијата, Осман Нури Кабактепе.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın