Abdula Berisha
31 Октомври 2021•Ажурирај: 31 Октомври 2021
СКОПЈЕ (АА) - Според податоците објавени на официјалната веб-страница на Државната изборна комисија (ДИК) на Северна Македонија, од обработени 99,09 проценти од податоците, правото на глас до 13:00 часот го искористиле 321.809 граѓани или 24,32 проценти, јавува Агенција Анадолија (AA).
Вкупно 1.353.990 лица имаат право на глас во вториот круг од локалните избори, на вкупно 2.481 избирачко место низ целата земја, а гласањето продолжува до 19:00 часот.
Во меѓувреме, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, на редовната прес-конференција информираше дека гласањето на локалните избори во најголем број избирачки места се одвива без пречки.
Тој ги повика општинските изборни комисии и избирачките одбори да обрнат посебно внимание на претставниците на медиумите и набљудувачите, додавајќи дека се поднесени повеќе приговори до ДИК.
Според Даштевски, освен некои технички потешкотии на почетокот на гласачкиот ден, кои беа надминати, немало нови проблеми со терминалите за биометриска идентификација на гласачите, што првпат се користат на локалните избори.
Вториот круг од седмите локални избори во Северна Македонија се одржува во 44 општини и во Град Скопје, откако во првиот круг беа избрани 34 градоначалници.
Ова се седми локални избори во Северна Македонија, првите беа одржани во 1990 година, а последните локални избори во земјата се одржаа во 2017 година.
Во меѓувреме, процентот од излезноста на гласачите на целата територија на Северна Македонија, како и во одделните општини, можете да го следите на страната на ДИК: https://rezultati.sec.mk/mk/mayr/t3