политика

Алжир: Абделмаџид Тебун победи на претседателските избори

„Тебун обезбеди 58,15 отсто од гласовите“, изјави Мохамед Шарфи, претседателот на Изборната комисија на Алжир

Ali Abo Rezeg  | 13.12.2019 - Обновена : 14.12.2019
Алжир: Абделмаџид Тебун победи на претседателските избори

АЛЖИР (АА) - Абделмаџид Тебун победи на претседателските избори во Алжир, објавија денес официјалните претставници на Изборната комисија, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Тебун обезбеди 58,15 отсто од гласовите“, изјави Мохамед Шарфи, претседателот на Изборната комисија на Алжир.

Тебун (74) само 81 ден беше државен премиер пред да биде сменет во август 2017 година. Поранешниот претседател, Абделазиз Бутефлика, кој беше принуден да поднесе оставка минатиот април по протестите низ земјата, го отпушти Тебун поради обидот за преземање мерки против корумпираните деловни луѓе лојални на режимот.

Тебун е роден на 17 ноември 1945 година во источната област Наама, а се образувал во Националното училиште за администрација. Дипломирал на економија и финансии во 1969 година.

Извршувал неколку министерски функции, меѓу кои и за култура и комуникации во 1999 година и за станбено-урбанистички работи меѓу 2000 и 2001 година.

Многумина го сметаат за еден од симболите на режимот на Бутефлика, но Тебун за време на предизборната кампања изјави дека неговата политичка програма ќе ги исполни барањата на демонстрантите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.