АНКАРА (АА) – МЕХМЕТ ОЗТУРК/ ФАРУК ТОКАТ –
Претседателот на Исламската Република Пакистан Ариф Алви во интервју за Anadolu Agency (AA) говореше за кризата во Кашмир, регионалните односи, а посебно се осврна на пакистанско-турските односи.
AA: Во кој правец ќе се развиваат турско-пакистанските односи во наредниот период и на кој начин ќе се јакнат билатералните врски?
АЛВИ: Сакам да укажам на некои факти. Турција и Пакистан во светот водат независна надворешна политика. Не сакаат да зависат од некоја земја. Сметам дека имаме слични искуства за некои прашања, како што се Авганистан и Сирија. Пакистан од 80-те години згрижува околу 3,5 милони бегалци од Авганистан. Мислам дека и Турција згрижува исто толку бегалци. Сведоци сме дека светот не го интересирааат проблемите на бегалците и дека не помага на земјите кои ја згрижуваат таа популација. Всушност, тие луѓе и станале бегалци поради глобалните агенди на земјите кои се сметаат за големи сили. Се би било подобро без војни во тие региони. Многу луѓе страдаат поради актуелните војни во кои има многу страдања и уништување на инфраструктурата и економијата. Тие луѓе поради глад се приморани да бидат бегалци. Турција спречи миграции кон Европа и стана спасувач. Згрижува голем број бегалци, а светот не и помага. Светот ја занемарува општествената одговорност која земјите како нашите кпи искучително го почитуваат и докажуваат тоа со односот кон проблемите во земјите со кои граничиме. Пакистан и Турција имаат многу добра соработка. Пакистан секогаш го поддржувал турскиот став за Кипар. Нашите ставови за кипарското прашање се исти. И Турција е со Пакистан кога станува збор за Кашмир. Турција и Пакистан взаемно се поддржуваат на сите меѓународни платформи. Турција ја зголеми поддршката за Пакистан и кога станува збор за Групата на нуклеарни добавувачи. Своевремено бев избран за член на Советот на Светската федерација на стоматолози и организиравме конференција во Турција. И во рамките на таа организација Турција и Пакристан секогаш заеднички делуваа. И кога имавме различни мислења, делувавме заеднички. Тие добри односи и соработка треба да бидат пресликани и на трговијата. Нашето пријателство датира далеку во минатото. Тоа датира уште од почетокот на 20. Век и Калифатското движење. Мислам дека нашата взнаемна благодарност датира од тој период. Покрај тоа Турција и Пакистан делат слично мислење и за неопходноста од реформи на Обединетите нации. Со сето тоа, како што реков, нашите врски треба да ги јакнеме со зголемување на трговската размена.
AA: Дали во тој контекст пакистанската влада има намера повеќе да ги поддржува турските инвеститори? Дали ќе направи некои чекори за да се стави на дневниот ред Договорот за слободна трговија?
АЛВИ: Да, работиме на тоа двете земји да го постигнат Договорот за слободна трговија и за тоа е преговарано во седум наврати. Во оваа прилика го повикувам турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да вложи напори да дојдеме до резултати од тие преговори. Така би започнале организирана трговска размена. Тука има повеќе предлози, но договорот би требало што поскроро да се потпише. И Пакистан и Турција се соочени со економски потешкотии. Нашите валути забележаа пад на вредноста. Во развојот на нашите економии зависни сме едни од други.
АА: На дневен ред во Турција е и прашањето во врска со терористичката организација ФЕТО. Јавноста во Турција има потешкотии да сфати зошто Пакистан не преземал адекватни чекори против структурите на таа организација. Посебно тоа се однесува на незатворање на школите. Зошто на тоа поле не е направен напредок, и покрај историските односи за кои говоревте?
АЛВИ: Своевремено бев кандидат за пратеник во парламентот и во мојата изборна единица беа школите поврзани со ФЕТО. Уважувајќи ја важноста која турската влада ја придава кон тоа прашање, сменети се раководства во тие училишта и тие се предадени на институцијата по желба на турските власти. Ве уверувам дека сето тоа е плод на погрешно разбирање.Некогаш на реакција жалба вложува страна која се смета за оштетена. Владата на судот го брани својот потег, но морате да чекате судска пресуда. За пресудата некогаш треба повеќе време. Меѓутоа мој личен став е да ние веќе донесовме прецизна одлука за предавање на тие школски установи во рацете на турските власти. Пакистанскиот парламент усвои предлог со кој ја поддржува демократијата, лидерот и народот на Турција. Делегацијата на парламентот, составена од сите партии ја посети Турција во знак на искажување пријателство и поддршка. Секогаш му се восхитував на Реџеп Таип Ердоган. Луѓето застанаа зад него, бидејќи неговата АК Партија и владата работат за народот. Луѓето со голи раце застанаа пред тенкови. Тоа е лекција која треба да му послужи на целиот исламски свет, а посебно на новонастанатите демократии. Луѓето ќе бидат со вас доколку искрено му служите на народот, државата ја извлечете од кризаи доколку народот ве препознае како вистински лидер. Во тој контекст му се восхитувам на претседателот Ердоган и АК Партија.
АА: Како ги коментирате односите помеѓу Пакистан и Авганистан? Може ли Турција да има некоја улога во јакнење на пакистанско-авганистнските односи?
АЛВИ: Да. Сметам дека Турција има позитивна улога во вопоспоставување на мирот во Авганистан. Преродбата на надворешната политика на Турција и Пакистан, јас тоа го нарекувам преродба, доведе до тоа цврсто да стоиме на нозете, никој ништо да не ни диктира и односите со другите земји да ги градиме на база на мирот и интереси на двете страни. Пакистан може да одигра многу важна улога во решавање на кризата во Авганистан. Нашиот единствен интерес во Авганистан е воспоставување на мирот. Немаме други цели.
АА: Дали Пакистан прави нешто за да ги увери талибаните да почнат мировни преговори?
АЛВИ: Да, Пакистан во последно време на тој план вложи многу труд. Во тој контекст некои затвореници се пуштени на слобода. АА: Дали Пакистан бара партнери за проектот на Кинеско-пакистанскиот економски коридор (CPEC)? Дали Кина се противеше на вкучување други партнери во проектите во рамките CPEC, посебно кога станува збор за рафинеријата во Гвадар? Кои се вашите очекувања од Турција во рамките на CPEC?
АЛВИ: CPEC почна од северот кон југот, на патот до Гвадар. Започнат е за да донесе едно движење во областа на трговијата. Ако се сеќавате, кога заедно го зедовме местото во рамките на Регионалната соработка за развој, тогаш говоревме за проектот на автопатот од Пакистан па до Турција и Иран. Значи, кога правите еден автопат, го правите поради движење на луѓе и стоки. Ова исто така е еден проект кој има за цел да олесни движење на луѓе и стока. Имаме за цел да го прошириме движењето на стоки на оваа релација. Во таа смисла сите партнери на Пакистан се истовремено и партнери на CPEC. Немаме никаква официјална организација за партнерство, но имаме една билатерална состојба. Како што реков, ние од Турција очекуваме инвестирање. Како што и самите рековте, тука е рафинерија, но и други области. Турција може да ни помогне во бројни деловни и индустриски сектори. Уште еднаш ќе повторам, јакнење на односите на Пакистан и Турција на полето на трговијата, генерално ќе придонесе кон јакнење на нашите билатерани односи.
AA: Што Пакистан нуди за решавање на судирите во Кашмир? Дали прави чекори кон нормализација на односите со Индија? Дали е можно преговорите да почнат повторно?
АЛВИ: Пакистан верува дека прашањето на Кашмир, а и според резолуциите на Советот за безбедност на ОН, може да сенајде решение само на мирен начин преку преговори. Во Кашмир се случија бројни трагедии. Убивани се муслимани, вршени се разни видови насилство, како што е ослепување на луѓе, со тоа што на луѓето им се пукаше во очи. Всушност она што се случува во Кашмир по многу нешта е слично на случувањата во Палестина и Газа. Овие земји под маска на тероризмот вршат притисок на луѓето кои на своите територии сакаат незавиност. Желба за независноста е добродојдена ширум светот, но кога станува збор за ова шрашање во исламскиот свет, светот ги свртува очите. Верувам дека е потребно палестинското прашање за враѓање на границите од 1967 како и за прашањето на Кашмир дека треба да се обезбеди решение во рамките на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Турција секогаш го кревала својот глас за Кашмир кој е код индиска окупација. Турција одигра и многу важна улога за прашањето на Палестина. Исто така, Пакистан го направи она што требаше и за прашањето на Кипар. Кога стапи на должност новата влада во Пакистан, нашиот премиер упати писмо на индискиот премиер. Тогаш е договорено да се состанат министрите за надворешни работи на двете земји, но тоа подоцна е одбиено.
AA: Зошто е одбиено?
АЛВИ: Мислам дека тоа има врска со индиската политика. Премиерот на Индија се подготвува за избори. Понекогаш односите на двете земји можат да дојдат до назадување поради внатрешните политики.
АА: Дали дојде до промена на политиката на американскиот претседател Доналд Трамп кон Пакистан?
АЛВИ: Пред се, тема на која Пакистан е фокусиран е фактот дека и САД и Пакистан сакаат мир во Авганистан. Друго, Пакистан сака да има еден респектабилен однос со САД. Сметам дека и целта на САД треба да биде во таа насока. Пакистан сака да воспостави еден однос на мирот, а не на судири. Мислам дека направивме еден нов почеток во нашите односи. Состанокот на министрите за надворешни работи на Пакистан и САД е добар показател. Двете страни сакаат мир. Нашите перспективи на гледање можат да бидат различни но нашите погледи за мир можат да бидат блиски. Сметам дека имаме добри односи.
AA: Како според Вас реагира исламскиот свет на одкуката на САД за преместување на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим (Кудс) ?
АЛВИ: Пакистан како и остатокот на исламскиот свет, тоа не го поздрави. Палестинското прашање стана посложено откако САД ја премести својата амбасада во Ерусалим (Кудс). Ерусалим може да биде главен град и на Палестина и на Израел. Никого не можете вечно да го држите под притисок. Колку такво нешто може да трае? Дури во Израел имате умерени и добри гласови кои сметаат дека ваквите ставови не можат да донесат мир. Ако нема мир на вашата граница, вие можете да направите ѕид, но не можеме да воспоставите мир.
Аливи победи на индиректните претседателски избори кои во пакистанскиот парламент се одржани на 4 септември оваа година. Како еден од основачите на владејачката партија Тахрек-е-Инсаф,
Алви од 2013 година е пратеник во пакистанскиот парламент. Алви е роден во 1949 година во Карачи, а функцијата претседател на Пакистан ќе ја врши во наредните пет години.
news_share_descriptionsubscription_contact
