Zehra Nur Düz
20 Октомври 2019•Ажурирај: 21 Октомври 2019
АНКАРА (АА) - Профилите на социјалните медиуми кои ги поддржуваат терористите на ЈПГ/ПКК денес споделија лажни фотографии на семејства погодени од војните во регионот, дека потекнуваат од турската операција, со цел ширење дезинформации за антитерористичката операција на Турција „Извор на мирот“ источно од реката Еуфрат во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Поддржувачите на ЈПГ/ПКК ја засилија кампањата на социјалните медиуми против антитерористичката операција на Турција во северна Сирија со објавување лажни фотографии за да ја обвинат Турција.
Профилите кои ги поддржуваат терористите на ЈПГ/ПКК споделија лажни фотографии за кои велат дека се направени во операцијата „Извор на мирот“.
Но, фотографиите споделени со цел ширење дезинформации за турската операција, на кои се прикажани фамилии погодени од војната, се всушност направени во различен временски период и на различни места.
Профилите на социјалните мрежи блиски до ЈПГ/ПКК објавија слика на маж кој во солзи гушка дете преживеано во бомбардирање, тврдејќи дека фотографијата е направена во операцијата „Извор на мирот“.
Фотографијата всушност е направена за време на бомбардирањата на Алепо од страна на Асадовиот режим во 2014 година.

Слично, профилите споделија и видеоснимка од татко кој не може да ги воздржи солзите додека го држи безживотното тело на своето дете, за која тврдат дека е направена за време на операцијата „Извор на мирот“. Всушност, снимката е направена во сириската покраина Идлиб во јануари 2018 година.

Друг профил со цел манипулирање на вистината објави фотографија на расплакано девојче опкружено со рушевини како да потекнува од операцијата „Извор на мирот“. Но реалноста е дека таа фотографија е направена во Палестина во 2016 година.

Поддржувачите на терористичката организација објавија и фотографија на расплакано момче меѓу војници, тврдејќи дека е направена за време на турската операција. Но, фотографијата е всушност направена во септември 2015 година, на македонската граница со Грција.