Mehmet Akif Parlak
11 Октомври 2019•Ажурирај: 11 Октомври 2019
ШАНЛИУРФА (АА) – Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, чија цел е оневозможување на формирањето терористички коридор до јужната граница со Турција и воспоставување мир и спокој во регионот, терористичките цели во градот Тел Абјад од утринските часови се гаѓани со артилериски оган, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на операцијата „Извор на мирот“ со артилериски оган се гаѓаат терористичките цели на ЈПГ/ПКК во градот Тел Абјад, кој се наоѓа спроти турскиот пограничен град Акчакале.
Припадниците на терористичката организација ЈПГ/ПКК во центарот, источниот и во западниот дел на градот Тел Абјад палат гуми и дизел-гориво за да ги спречат беспилотните летала на Турските вооружени сили да снимаат, а исто така и да ги спречат борбените авиони да ги гаѓаат терористичките цели.
На небото беа формирани црни облаци како резултат на изгорените гуми и дизел-горивото.
Покрај тоа, и во југозападниот дел на Тел Абјад се слушаа истрели од оружје.