Ekipa
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Во рамките на операцијата „Извор на мирот“, во и околу градот Тел Абјад, кој е исчистен од терористите, запленето е големо количество муниција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во петтиот ден од операцијата „Извор на мирот“, која Турција ја започна со цел оневозможување на обидот за формирање терористички коридор долж јужната граница на Турција и да се воведе мир и благосостојба во регионот, беше ослободен сиридкиот град Тел Абјад.
Припадниците на Сириската национална војска (СНВ) пронајдоа големо количество оружје и муниција кои припаѓаат на терористите на ЈПГ/ПКК.
Меѓу оружјето има минофрлачки гранати, минофрлачки постаменти и стативи, разни делови за тешко оружје, муниција за митралези и муниција за пешадиски пушки.
- Состојбата во Тел Абјад -
Подрачјето на Тел Абјад, поврзано со Рака, чие население е претежно арапско, во јуни 2014 година беше окупирано од терористичката организација ДЕАШ.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК една година подоцна со интензивна поддршка од Соединетите Американски Држави (САД) ја презеде контролата врз Тел Абјад.
Терористите на ПКК ги примораа Арапите од подрачјето и Туркмените што живеат во западниот дел да го напуштат подрачјето со заканите дека „коалиционите авиони ќе извршуваат воздушни напади во регионот“.