Ekipa
15 Октомври 2019•Ажурирај: 16 Октомври 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Големото народно собрание на Турција (ТБММ), Мустафа Шентоп, изјави дека турските сили ја спроведуваат операцијата „Извор на мирот“ во согласност со поставените цели, јавува Anadolu Agency (AA).
Шентоп на маргините на 141. Заседание на Интерпларламентарната унија во Белград се состана со шефицата на Советот на Руската Федерација, Валентина Матвијенко.
Шентоп и Матвијенко разговараа за билатерални и регионални теми, а Шентоп по завршувањето на состанокот за новинарите изјави дека го цени гестот на Русија која ја спречи Франција во последните моменти од вчерашната седница да го стави на дневен ред усвојувањето на одлуката за осуда на Турција поради воената операција која ја спроведува на североистокот на Сирија.
„Република Турција ја брани територијалната целост на Сирија и се залага за неа“, порача Шентоп.
Истакнувајќи дека станува збор за операција која се води против терористичка организација и која е важна за безбедноста и мирот во регионот, Шентоп изрази надеж дека таа ќе биде успешно реализирана.
Матвијенко по состанокот истакна дека Русија ја поддржува Турција и дека никој во светот не може да каже дека Турција не се бори против тероризмот.
„Турција воедно е земја која згрижи милиони бегалци. Динамиката на тоа подрачје не може да ја знаат оние кои доаѓаат од илјадници километри оддалечени места. Се спротивставивме на францускиот предлог за усвојување на итна точка на дневниот ред, бидејќи сметаме дека ставот на Турција е исправен“, рече Матвијенко.
Со поддршка на Германија, Швајцарија, Египет и уште неколку земји, Франција вчера пред самиот крај на заседавањето на Итерпарламентарната унија се обиде по итна постапка на дневен ред да го стави предлогот за усвојувањето на одлуката со која би се осудила операцијата „Извор на мирот“ и да се повика Турција итно да запре со операцијата.
Од друга страна, турската делегација стапи во контакт со други делегации и создаде блок против францускиот предлог, а воедно, како одговор подготви и предлог на ставање на дневен ред на одлуката со која би се осудиле двојните стандарди кои ги имаат западните земји, кога станува збор за борбата против решавањето на тероризмот и решавањето на кризата во Сирија.