Sarp Özer
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
БРИСЕЛ
Министерот за национална одбрана на Турција, Хулуси Акар се состана со американскиот министер за одбрана, Марк Еспер, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Министерството за национална одбрана, министерот за национална одбрана, Акар, во седиштето на НАТО се состанал со американскиот министер за одбрана, Еспер.
Министерот Хулуси Акар во Брисел допатува за да присуствува на вториот ден од состанокот на министрите за одбрана на НАТО.
За време на средбата, министрите се фокусирале на одбранбени и безбедносни теми, особено на операцијата „Извор на мирот“ во Сирија, источно од Еуфрат. На средбата се разменети мислења и за НАТО и билатералните воени односи.
Двајцата министри се согласија да го продолжат дијалогот.