Dmitri Chirciu
25 Октомври 2019•Ажурирај: 26 Октомври 2019
МОСКВА (АА) - Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека додатни сили на воената полиција се распоредени во пограничното подрачје на Сирија со Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на руското Министерство, станува збор за 300 припадници на воената полиција.
„300 припадници на воената полиција од подрачјето на Република Чеченија пристигнаа во Сирија заради извршување на посебни задачи“, се наведува во соопштението, со напомена дека се работи за активности на преместување на припадниците од терористичката организација ЈПГ/ПКК и нивното вооружување на оддалеченост од 30 километри од границата на Турција со Сирија.
Министерството најави и испорака на додатни 20 оклопни возила од типот „Тигар“ и „Тајфун“.
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на 22 октомври во Сочи се состана со рускиот колега, Владимир Путин, и постигна договор кој вклучува почеток на заеднички турско-руски патроли во северниот дел на Сирија.
На состанокот меѓу Ердоган и Путин и делегациите, кој траеше повеќе од шест часа, постигнат е договор според кој терористите на ЈПГ се повлекуваат, а започнуваат и заеднички патроли во Сирија.