образование, политика

Министерот Адеми ги претстави капиталните инвестиции во образованието

Министерот за образование и наука на Република Македонија, Арбер Адеми, на тематска прес-конференција истакна дека инвестициите претставуваат продолжение на подобрувањето на условите во основните и средните училишта

Bekim Laci  | 31.07.2018 - Обновена : 01.08.2018
Министерот Адеми ги претстави капиталните инвестиции во образованието Bekim Laci/AA

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Министерот за образование и наука на Република Македонија, Арбер Адеми, на тематска прес-конференција ги претстави капиталните инвестиции во образованието, за кои рече дека претставуваат продолжение на подобрувањето на условите во основните и средните училишта, јавува Anadolu Agency (АА).

Што се однесува на проектите, Адеми издвои дека веќе е започнато оценување на штетата на објектот на училиштето „11 Октомври“ во Боговиње, кој беше зафатен од пожар во 2017 година, каде што учат 210 ученици, а според неговите проценки, објектот ќе биде функционален во второто полугодие.

Во однос на новите изградби, објавена е јавна набавка за изградба на нова зграда во Општина Студеничани, со што учениците во селата Батинци и Љубош ќе имаат нова училишна зграда за 300 ученици, за што се планирани 55 милиони и 460 илјади денари за три фискални години.

Адеми, исто така, информираше за јавна набавка за реконструкција или изградба на училишни објкети за основни и средни училишта, а зборуваше и за реконструкции со кои се предвидува фасадирање, електрични инсталации, поставување систем за греење и енергетска ефикасност итн., чиј износ е околу 77 милиони и 888 илјади денари.

Како што рече Адеми, во септември треба да завршат градежните работи за реконструкција на блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“, додека во август ќе почне набавката на нов мебел за 18 ученички домови во износ од околу 50 милиони денари.

„Подобрувањето на условите во ученичките и студентските домови е од голема важност. Во учебната година 2017/2018 во ученичките домови имаше околу 2.400 ученици, а во студентските домови над 5.500 студенти. Министерството за образование и наука учествува со околу 180 милиони денари за сместување и исхрана на учениците и 200 милиони денари за студентите. Овие вредности не ги вклучуваат стипендиите на МОН, кои изнесуваат околу 40 милиони денари за ученици и околу 400 милиони денари стипендии за различни категории студенти“, рече министерот Адеми.

Тој изјави дека веќе се распишани јавни набавки за реконструкција и изградба на училишни згради и истите се објавени во Електронскиот систем за јавни набавки.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın