Riyaz Khaliq Khaliq
09 Ноември 2021•Ажурирај: 10 Ноември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонија денес во вселената испрати девет сателити на ракетата „Епсилон“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитите ќе ѝ помогнат на Јапонија да го промовира вклучувањето на образовните институции и компании во развојот на вселената, јави порталот „Кјодо њуз“ со седиште во Токио.
Сателитите на ракетата „Епсион-5“, кои чинат околу 51 милион долари, лансирани се од вселенскиот центар „Учинура“ во југозападната префектура Кагошима, соопшти Јапонската агенција за истражување на вселената (ЈАКСА).
Лансирањето на сателитите од октомври е три пати одложено од технички и други причини.
Сателитите ќе ги собираат вселенските остатоци додека ги истражуваат природните радиобранови кои ги емитува Јупитер.
Во меѓувреме, ЈАКСА наведува дека четворица астронаути, меѓу кои е и Хошиде Акихико (52) се вратиле на Земјата синоќа, по завршувањето на долготрајната мисија на Меѓународната вселенска станица (ИСС).
Во вселената поминаа околу 200 дена, а станува збор за трето патување од овој вид до Меѓународната вселенска станица.
Освен Акихико, во вселената беа и Шејн Кимброу, Меган МекАртур од НАСА и Томас Пескет од Европската вселенска агенција.