наука и технологија

Јапонија во орбитата успешно лансираше военоразузнавачки сателит

Оптичкиот сателит ќе ги надгледува активностите на ракетните постројки во Северна Кореја

Emre Aytekin  | 09.02.2020 - Обновена : 12.02.2020
Јапонија во орбитата успешно лансираше военоразузнавачки сателит

ТОКИО (АА) - Властите на Јапонија во вселената лансираа оптички извидувачки сателит што ќе служи во военоразузнавачките активности, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Сателитот е лансиран од базата „Танегашима“ и успешно го зазеде планираното место во орбитата.

Новинската агенција „Кјодо“ јавува дека сателитот е лансиран со помош на ракетата H2A, развиена од страна на Јапонската вселенска агенција (JAXA) и компанијата „Мицубиши“ (Mitsubishi).

Истиот извор јавува дека тоа е 35. успешно лансирање со помош на таа ракета.

Денешното лансирање првобитно е планирано за 28 јануари, но е пролонгирано поради воочениот технички дефект на ракетата.

Јапонија во орбитата има вкупно седум военоразузнавачки сателити, вклучувајќи пет радари и два оптички сателита.

Последниот лансиран оптички сателит ќе ги надгледува активностите на ракетните постројки во Северна Кореја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın