наука и технологија

На Антарктикот регистрирани рекордни 18,3 степени Целзиусови

Термометарот на аргентинската истражувачка база „Есперанса“, која собира податоци уште од 1961 година, покажа рекордна температура

Sibel Morrow  | 08.02.2020 - Обновена : 09.02.2020
На Антарктикот регистрирани рекордни 18,3 степени Целзиусови

АНКАРА (АА) - Нови рекордни температури од 18,3 степени Целзиусови се регистрирани на Антарктичкиот Полуостров, со што е надмината претходната рекордна температура од 17,5 степени забележана во 2015 година на истото место, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Термометарот на аргентинската истражувачка база „Есперанса“, која собира податоци уште од 1961 година, покажа рекордна температура во четвртокот напладне.

Цртичките на термометарот покажаа 0,8 степени повисока температура од претходната рекордна температура на истата локација, но таа не е највисоката температура во поширокиот регион на Антарктикот, односно на континентот, островите и околните води.

На 30 јануари 1982 година, британската Научно-истражувачка станица на островот Сигни забележа температура од 19,8 степени Целзиусови.

Комисија на Светската здравствена организација (WMO) ќе провери дали оваа температура е навистина нов рекорд за Антарктикот, познат како најголемото континентално парче земја.

Според Рандал Цервени, известувач за временските услови и климатски екстреми на Светската метеоролошка организација, термометарот на станицата „Есперанза“ укажува на веројатна легитимна температура, но потребна е формална евалуација на забележаната температура, како и на метеоролошките услови во опкружувањето.

„Забележаната температура веројатно се должи на [краток рок] она што ние го нарекуваме регионален фенски момент, односно брз топол воздух кој се спушта од падините/планините“, рече Цервени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.