наука и технологија

Капсулата „Сојуз МС-13“ се врати на Земјата

Во соопштението на Руската вселенска агенција (ROSCOSMOS) се наведува дека здравствената состојба на посадата е добра

Alııa Raımbekova  | 06.02.2020 - Обновена : 08.02.2020
Капсулата „Сојуз МС-13“ се врати на Земјата

НУРСУЛТАН (АА) - Капсулата „Сојуз МС13“, по мисијата на Меѓународната вселенска станица, слета во Казахстан, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Руската вселенска агенција (ROSCOSMOS) се наведува дека капсулата во која се наоѓаа рускиот космонаут Александар Сквортсов, астронаутката на американската Агенција за авијација и истражување на вселената (НАСА), Кристина Коч и астронаутот на Европската вселенска агенција (ESA), Лука Пармитано, во 15:12 часот по локално време слета на територијата на Казахстан.

Се наведува дека здравствената состојба на посадата е добра.

„Сојуз МС13“ е лансиран на 20 јули 2019 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.