Emel Öz Gözellik
23 Септември 2018•Ажурирај: 25 Септември 2018
ТОКИО (АА) - Јапонците од Центарот за истражување на вселената во Тангешима кон Меѓународната вселенска станица (ISS) лансираа карго капсула без посада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Од американската Агенција за авијација и истражување на вселената (НАСА) е соопштено дека јапонската Агенција за истражување на вселената (JAXA), успешно лансирала капсула во која се наоѓа храна, опрема за експерименти и нови батерии.
На Меѓународната вселенска станица капсулата би требало да стигне за четири дена.
Лансирањето на капсулата требаше да биде реализирано пред две недели, но е одложено поради неповолните временски услови и технички проблеми.