Gamze Türkoğlu Oğuz
09 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
КЕЈП КАНАВЕРАЛ (AA) - Карго капсулата „Драгон“ на американскиот произведувач на ракети, сателити и спејс- шатли, „Спејс икс“ (SpaceX), пристигна на Меѓународната вселенска станица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Капсулата носеше околу 2 тона материјали за различни потреби.
Покрај тоа, се вели дека капсулата носела и храна за екипажот на Меѓународната вселенска станица.
Се истакнува дека „Драгон“ на Меѓународната вселенска станица ќе се задржи околу еден месец, а при враќањето на Земјата ќе носи примероци.
Ова беше 20-то успешно патување на „Спејс икс“ (SpaceX) со „Драгон“ реализирано за НАСА.