наука и технологија

НАСА: Астронаутите на Кру-11 пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

Пристигнувањето го означи почетокот на шестмесечната мисија за време на која четворицата астронаути од САД, Јапонија и Русија ќе спроведат научни истражувања во орбиталната лабораторија

Beril Çanakcı  | 02.08.2025 - Обновена : 12.08.2025
НАСА: Астронаутите на Кру-11 пристигнаа на Меѓународната вселенска станица

ИСТАНБУЛ (АА) - Астронаутите на Кру-11 пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, објави денес НАСА, пренесува Анадолу.

Тимот на Кру-11 полета вчера со ракетата Фалкон 9 на СпејсИкс од вселенскиот центар на НАСА „Кенеди“ во Флорида.

Пристигнувањето го означи почетокот на шестмесечната мисија за време на која четворицата астронаути од САД, Јапонија и Русија ќе спроведат научни истражувања во орбиталната лабораторија, меѓу кои и студии за матични клетки и растителна биологија.

НАСА го поздрави новиот екипаж, објавувајќи на X: „Добредојдовте во вселенската станица, Кру-11!“

Американската вселенска агенција продолжи да емитува пренос во живо од мисијата и церемонијата за добредојде.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.