наука и технологија

НАСА: Марулите произведени во вселенската станица се нутритивни и безбедни

Успешното производство на храна во вселената има клучна важност за долгите патувања, какви што НАТО планира да ги реализира на Марс

Gamze Türkoğlu Oğuz  | 06.03.2020 - Обновена : 09.03.2020
НАСА: Марулите произведени во вселенската станица се нутритивни и безбедни

АНКАРА (АА) - Астронаутите на НАСА тврдат дека марулите произведени во Меѓународната вселенска станица се нутритивни, безбедни и имаат добар вкус, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според студијата чии резултати се објавени во списанието „Frontiers In Plant Science“, астронаутите на НАСА во Меѓународната вселенска станица произведоа марули во сад од керамичка глина под ЛЕД-светло во период од 33 до 56 дена, кои биле наводнувани со една цевка.

Марулите произведени таму, биле богати со елементи како калиум, натриум и цинк, а во споредба со марулите на Земјата, содржеле бактерии на повисоко ниво, кои не се опасни.

Се вели дека успешното производство на храна во вселената има клучна важност за долгите патувања, какви што НАТО планира да ги реализира на Марс.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.