свет

„Спејс икс“ лансираше дополнителни 60 интернет-сателити во вселената

Од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида биле лансирани 60 сателити кои се дел од мрежата на Старлинк, и дека овие сателити успешно биле поставени на орбитата

Emre Aytekin  | 18.02.2020 - Обновена : 19.02.2020
„Спејс икс“ лансираше дополнителни 60 интернет-сателити во вселената

АНКАРА (АА) - Американскиот произведувач на ракети, сателити и спејс-шатли, „Спејс икс“ („SpaceX“) во вселената лансираше дополнителни 60 интернет-сателити кои се дел проектот „Старлинк (Starlink)“, којшто овозможува поврзување на интернет преку сателит, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението објавено на интернет-страницата на „Спејс икс“ се наведува дека од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида биле лансирани 60 сателити кои се дел од мрежата на Старлинк, и дека овие сателити успешно биле поставени на орбитата.

Во рамки на проектот „Старлинк“, „Спејс икс“ претходно во вселената лансираше вкупно 240 сателити, кои беа испратени во четири групи од по 60 сателити.

Оваа компанија со сателитите на Старлинк планира да формира мрежа од 12.000 сателити. Проектот се очекува да заврши во 2027 година.

Меѓу другото, ова лансирање беше 80-то успешно лансирање на „Спејс икс“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.