Adam Abu-bashal
18 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
АБУЏА (АА) - Сомалиските специјални единици обучени од страна на Турските вооружени сили спроведоа операција во подрачјето на Долно Шабеле, при што неутрализирале 13 припадници на терористичката организација „Ал Шабаб“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Абдималик Малин, командант на Долно Шабеле, за военото радио изјави дека специјално обучената војска, која во Сомалија е позната како Данаб, во градот Лего во регионот на Долно Шабеле спровела операција против терористичката организација, при што се убиени 13 милитанти на Ал Шабаб, а ранети се голем број терористи.
Од друга страна, командантот на Сомалиските вооружени сили, Адава Јусуф Рејџ, во врска со операцијата изјави: „Би сакал да им се заблагодарам на турските браќа за обуката што им ја дадоа на специјалните сили по прашањето на нашата борба против Ал Шабаб. Оваа единица ќе биде од голема помош во борбата против терористичката организација.“
Терористичката организација „Ал Шабаб“ има окупирано голем број села и градови во јужниот дел на земјата, спроведувајќи чести напади, а како цел ги зема безбедносните сили и цивилите.