Mücahit Oktay
10 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ЊУЈОРК
Американскиот производител на вселенски шатл и ракети „Спејс икс“ соопшти дека 40 од сателитите испратени во вселената како дел од проектот „Старлинк“, паднале поради геомагнетна бура предизвикана од Сонцето, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека 40 сателити од флотата на „Спејс икс“, составена од 49 мини-сателити лансирани минатата недела, излегле од орбитата откако биле зафатени од геомагнетна бура.
Овие сателити, лансирани во вселената како дел од проектот за интернет-мрежата „Старлинк“, биле уништени од прекумерното триење до кое настанало поради сончевата бура која атмосферата ја прави погуста.
Контролорите на „Спејс икс“ од Земјата се обиделе да ги спасат сателитите со рамен панел, ставајќи ги во режим на хибернација и летајќи ги на начин што го минимизира отпорот, но не успеале сателитите да ги искачат во постабилна орбита бидејќи атмосферската гравитација била премногу силна.
Од „Спејс икс“ ова го опишаа како „уникатна ситуација“, нагласувајќи дека сателитите, од кои секој е со тежина од 260 килограми, не претставуваат никаква опасност за другите сателити во орбитата или за Земјата.
„Спејс икс“ сè уште има речиси 2.000 сателити „Старлинк“ кои кружат околу Земјата и обезбедуваат интернет-услуги во различни региони.