Riyaz Khaliq
10 Март 2020•Ажурирај: 11 Март 2020
АНКАРА (АА) - Кина синоќа лансираше нов сателит на Системот за сателитска навигација „BeiDou“ (BDS), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Сателитот, лансиран од Центарот за лансирање сателити „Сичан“ во југозападната покраина Сечуан, беше испратен во геостационарната орбита преку ракетата „Лонг Март-3Б“, јави државната новинска агенција „Синхуа“.
Интегриран со функции за навигација и комуникација, сателитот ќе обезбедува услуги за возилата без возач, за прецизно закотвување на бродовите, како и за полетувањето и слетувањето на авиони.
Развиен од Кинеската академија за вселенска технологија, сателитот, како што јави „Синхуа“, „е на чекор до завршувањето на целиот глобален систем“.
Кина започна да го гради својот навигациски систем во раните 1990-ти години, кој почна да му служи на Азиско-пацифичкиот Регион во 2012 година.
Во вселената досега испратени се вкупно 54 BDS-2 и BDS-3 сателити.
Пекинг предвидува да ја заврши изградбата на „соѕвездието на BDS“ во мај и да обезбедува услуги за голема прецизност, за доверливо позиционирање, навигација и тајминг каде било во светот.