наука и технологија

Фосили стари 9 милиони години откопани во југозападна Турција

Фосилите се откриени во Денизли, за време на истражувањето на група научници од Турција и од музеј од Париз

Fahri Aksüt  | 24.12.2019 - Обновена : 25.12.2019
Фосили стари 9 милиони години откопани во југозападна Турција

ДЕНИЗЛИ (АА) - Истражувачите во југозападна Турција открија фосили кои припаѓаат на осум различни животински видови, меѓу кои на мамути, жирафи и носорози, јавува Агенција Анадолија (АА).

Фосилите се откриени во Денизли, за време на истражувањето на група научници од Турција и од музеј од Париз.

Научниците проценија дека животните живееле во периодот од пред најмалку 1,2 милион години до пред 9 милиони години.

Тие соопштија дека фосилите припаѓале на три различни преживари со шупливи рогови и на жирафа од миоцениот период, од пред 7-9 милиони години, како и фосили на мамут, носорог, коњ и на елен од плеистоценот, пред 1,2 години.

Ахмет Ихсан Ајтек, професор по антропологија на Универзитетот „Памуккале“ во Денизли, изјави дека откривањето на фосилите на животните како мамут и носорог е доказ дека Анадолија некогаш била богата со различни животински видови.

Ајтек, нагласувајќи ја важноста на откритието, исто така додаде дека толку сочуван фосил на брада од мамут нема ниту во Европа.

„Од исклучително значење е тоа што животните живееле во ист временски период со прастарите луѓе во Анадолија“, додаде тој.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.